„Влијанието на законот за авторското право и сродните права врз работата на новинарите, фоторепортерите и медиумските работници“

Во оваа публикација се дава краток историски осврт на развитокот на авторските права односно еволуцијата на прописите во таа област во Европа и во светот.



Кон успешно лобирање и застапничка стратегија на новинарите за да се подобри ситуацијата во македонските медиуми

Изборите во 2016, кои резултираа со формирање на алтернативна коалициска влада, создадоа нов импулс за развојот на слободните и критички медиуми, независни од владините влијанија и партиските интереси. Од клучна важност ќе биде да се консолидира новиот развој во следните години и да се оневозможи повторното потценување на функционирањето на медиумите. Овој текст обезбедува рамка за понатамошно зајакнување на позицијата на ЗНМ и позицијата на новинарите и медиумите кои го поддржуваат демократското општество со акцент на стратешкото планирање поврзано со ефективно лобирање и застапување.


Слободата на изразување низ праксата на Европскиот суд за човекови права

Целта на оваа анализа е да даде генерална слика за обврските на државата во врска со правото на слободата на изразување, да ги посочи заемната поврзаност и упатеност на ова право со другите права и слободи гарантирани со Конвенцијата, но и обемот на заштитата на слободата на изразување. Поради бројните форми низ кои се пројавува правото на слободата на изразување, овде фокусот е на неколку од тие форми: слободата на изразување во поли- тиката, уметноста и граѓанското здружување, со посебен осврт кон новинарите и новинарското изразување.


Показатели за степенот на слобода на медиумите и за безбедноста на новинарите

Овој извештај ги презентира резултатите од истражувањето спроведено во рамките на регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите”, која се спроведува од националните новинарски здруженија од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и од Србија. Оваа студија ја анализира во детали состојбата со слободата на говорот и слободата на медиумите во Македонија во последните три месеци од 2016 година и првите девет месеци од 2017 гoдина. Во студијата се анализира законската рамка поврзана со слободата на говорот, социоекономската положба и безбедноста на новинарите и е надополнување на минато-годишната студија на ЗНМ „Показатели за степенот на слободата на медиумите и за безбедноста на новинарите во Македонија”.


Показатели за степенот на слобода на медиумите и за безбедноста на новинарите

Овој извештај ги презентира резултатите од истражувањето спроведено во рамките на регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите”1, која се спроведува од националните новинарски здруженија од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и од Србија. Главната цел на истражувањето беше да се направи базична проценка и да се обезбедат податоци за нивото на медиумските слободи и за безбедноста на новинарите кои во иднина ќе се искористат во регионалниот механизам за мониторинг и застапување за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите на локално, национално и регионално ниво.