14 Напади врз новинарите 14 Бодежи врз демократијата

Слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање наспроти безбедноста на новинарите се нераскинливо поврзани теми, кои задираат во најзначајните пори на новинарството. Тие, всушност, ја отсликуваат зрелоста на едно општество и една демократија да се избори со предизвиците врз кои е исправено новинарството денес. Главните предизвици, кои со години се провлекуваат, се лошата економска положба на дел од новинарите, но и финансискиот притисок кон дел од медиумите од разни политички и бизнис-центри на моќ, како и обидите да се влијае врз новинарството на брутален начин, преку заканите за безбедноста врз новинарките и новинарите. Овој втор сегмент на овие два клучни елементи што ја претставуваат работата на новинарите е предмет на наша опсервација во оваа публикација, како документ за едно време, кое ќе сведочи за односот на институциите кон овој проблем наспроти огромната жртва што ја даваат новинарите во битката со видливите и невидливите насилници.


AНАЛИЗА: КАКО ЗАКОНОТ ЗА АВТОРСКО ПРАВО ВЛИЈАЕ ВРЗ РАБОТАТА НА МЕДИУМСКИТЕ РАБОТНИЦИ

Авторското право се смета за едно од најважните права во остварувањето на професионалната должност на новинарите и генерално на медиумските работници, кои преку својата работа креираат содржини. Воедно претставува особено важна тема од аспект на почитувањето на сопственоста врз оние новинарски производи што уживаат заштита, како авторски дела. Токму поради тоа, новинарите, како и фоторепортерите и снимателите, треба да бидат препознаени како автори на содржината што ја креираат, да имаат права врз таа содржина, како и да имаат соодветен надоместок за неа.


Подобрување на безбедноста на новинарите преку измена на кривичниот законик

Целта на анализата е да им помогне на новинарите и медиумските работници, на судиите, на обвинителите, на адвокатите и на Министерството за правда за имплементирање на меѓународните стандарди за заштита на новинарите во Кривичниот законик (КЗ) во Република Северна Македонија. Со анализата се продолжуваат напорите на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) да ја подигне јавната свест за теми поврзани со безбедноста на новинарите и потенцијалната штета од воспоставената пракса на неказнивност на сторителите на дејствија насочени против новинарите. Анализата ја нагласува важноста на Кривичниот законик, како и на Законот за кривична постапка (ЗКП) на Република Северна Македонија (РСМ) во зајакнување на безбедноста на новинарите преку даден коментар за постапувањето на органите на гонење без оглед дали тоа било Јавното обвинителство на РСМ, во случаите кога се постапува кога е пријавено кривично дело или кога постапуваат комисиите за прекршоци при Министерството за внатрешни работи на РСМ, во услови кога се работи за пријавени прекршоци.


Показатели за степенот на слобода на медиумите и за безбедноста на новинарите 2019

Новинарските здруженија од пет земји од Западен Балкан (Босна и Херцеговина,
Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Србија), со поддршка на Европската комисија, во 2016 година ги здружија напорите со цел да го следат и унапредат нивото на
слобода на медиумите и безбедноста на новинарите во своите земји – создавајќи ја
Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување за слобода на медиумите
и безбедност на новинарите. Врз основа на заедничка методологија за истражување,
развиена специјално за оваа цел, секоја година овие организации собираат податоци, ги проценуваат најновите случувања и спроведуваат активности за застапување за
промена на политичкото, законското и институционалното опкружување во кое работат новинарите и медиумите.
Постигнатите резултати во првиот тригодишен циклус покажаа дека здруженијата на
новинарите од регионот можат да играат пресудна улога во притисокот за поголема
слобода на медиумите. Постигнатите резултати се признаени од Европската комисија
како клучен чекор кон целосна демократизација на балканските општества, што резултираше со нејзина одлука да продолжи со поддршката на Регионалната платформа и во наредните години2. Овој наративен извештај е изработен во рамки на четвртата регионална проценка на нивото на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите во Западен Балкан, спроведена во 2019 година


Indicators on the level of media freedom and journalists’ safety in Macedonia in 2019

Indicators of the degree of media freedom and the safety of journalists 2019