ЗА ПРОЕКТОТ

Регионалната Платформа за застапување на слободата на медиумите и новинарската безбедност е мрежа на новинарски здруженија и синдикатите на медиумите во земјите од Западен Балкан основана во јануари 2016 година со финансиска поддршка од Европската Унија и во рамките на Поддршката на ЕУ за Регионална Тематски мрежи на Програмата за Организации за Граѓанско Општество.

Независното здружение на новинари на Србија, Здружението на новинари на БиХ, Синдикатот на медиумите во Црна Гора, Здружението на новинарите на Македонија, Здружението на новинари на Косово и Хрватското здружение на новинари имаат неколку годишна, билатерална и прекугранична соработка за подобрување на слободата на медиумите и преку заеднички активности за солидарност за заштита на професионалните права на новинарите. Оваа соработка е официјализирана со формирањето на Регионалната Платформа и потпишување на Меморандум за

разбирање со јасно дефинирани насоки на делување: (а) формирање на силен и ефикасен механизам за заштита и застапување за слободата на изразувањето, правата и безбедноста на новинарите, како и (б) создавање на демократска работна средина за медиумите во земјите од Западен Балкан, во согласност со стандардите и препораките на ЕУ.

Целта на основање и работата на Регионалната Платформа е создавање на поволна правна и социјална средина за медиумскиот плурализам преку зајакнувањето на новинарските здруженија и медиумите, синдикатите да станат ефикасни, одговорни и независни актери при застапување на слободата на медиумите и стандардите на ЕУ, како и правата на граѓаните на информирање и на различни информации од различни извори.

Новинарските здруженија исто така планираат да се воспостави систем за рано предупредување и превенција (СРПП) како регионален механизам за застапување на слободата на изразување и интеграција на медиумските стандарди за слободата на ЕУ, како и за спречување на разни форми на насилство врз новинарите и злоупотреби на слободата на изразување. Истовремено ќе има активности за воведување на методологијата за континуирано следење на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, како и јавна достапност на информации за случаите на грубо кршење на професионалните и човековите права на новинарите, уредниците и другите медиумски професионалци. Специфична цел на Регионалната Платформа е размена на знаења, искуства и информации помеѓу 6-те новинарски здруженија, медиуми и синдикати кои што во своите заедници се признати како активни и одговорни бранители на новинарските права и кои сега можат да инвестираат дел од своите капацитети за да одговорат на регионалните потреби и предизвици на медиумската заедница на Западен Балкан.

Во периодот на времетраење на имплементацијата на проектот од 36 месеци, ќе се спроведат бројни активности, меѓу кои важна активност е Онлајн платформа за итно известување на нападите врз новинари и повреда на нивните права. Во прилог на можноста за пријавување на напади и обезбедување на ефикасна поддршка на новинарите, онлајн платформата ќе има единствена база на податоци на напади врз новинари од 2014 година, како и податоци за јавните активности, анализи, застапување на партнерски и други медиумски организации. Партнерите ќе работат заедно на изградбата на своите капацитети и ќе подготват три годишна стратегија и план за застапување кои ќе се фокусираат на идентификација на недостатоците во правната рамка и ќе понудат законски решенија и активности кои што може да придонесат за поефикасна и навремена заштита на новинарите, нивното право на слобода на изразување и професионален интегритет.

Вкупната вредност на проектот е 1.321.795,52 евра; 1.189.615,97 евра e поддржан од страна на Европската комисија, остатокот ќе се обезбеди од страна на партнерите. Главен координатор на проектот е Независното здружение на новинари на Србија.


ТИМОТ ЗАД ПРОЕКТОТ

Maja Vasić - Nikolić
NUNS,проект координатор
E-mail
Dragan Sekulovski
ЗНМ,проект координатор
E-mail
Borka Rudić
BH Novinari,проект координатор
E-mail
Monika Kutri
HND,проект координатор
E-mail
Radomir Kračković
SMCG,проект координатор
E-mail
Valon Veliqi
AJK, project coordinator