Показатели за степенот на слобода на медиумите и за безбедноста на новинарите РЕЗИМЕ

Овој извештај ги презентира резултатите од истражувањето спроведено во рамките на регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите”1, која се спроведува од националните новинарски здруженија од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и од Србија. Главната цел на истражувањето беше да се направи базична проценка и да се обезбедат податоци за нивото на медиумските слободи и за безбедноста на новинарите кои во иднина ќе се искористат во регионалниот механизам за мониторинг и застапување за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите на локално, национално и регионално ниво.


Упатство за безбедно фото репортерство и етика

Целта на овој документ е да даде идеи и насоки како националните медиуми може да се организираат и да се регулираат со цел да се обезбеди најголема безбедност за новинарите и најдобро известување за нивните клиенти. Безбедноста и интегритетот на известување се од клучно значење за слободата на печатот, кој е еден од основните принципи на демократската држава. Овие упатства се препораки за редакциите кои ги покриваат домашните ситуации кои се развиваат брзо и сите видови на локално известување, од планираните достапни информации до важните вести.


Новинарски прирачник за следење избори

Функцијата на медиумите е да биде «куче чувар» во име на јавноста. Медиумите имаат задача да известуваат за какво било прекршување на правата на кандидатите или избирачите (вклучително и на правото за слобода на говор), корупцијата во изборниот процес и во процесот на гласање, прекршоци направени од страна на политичките партии, и пропустите на изборните органи. Овој прирачник се стреми да ги појасни правните и етичките аспекти како професионално да се известува за избори.


Јавни пари во медиумскиот простор

Состојбата во медиумскиот простор во Република Македонија е на прилично незавидно ниво во последниве неколку години. Ова го констатираат меѓународни и домашни институции кои ја следат состојбата на демократските и медиумските слободи во Македонија. Опаѓањето на слободата во медиумите, меѓу другото, се поврзува и со големиот удел на Владата во рекламирањето во медиумите, а тоа како проблем го посочуваат Европската унија, американскиот Стејт департман, како и познатите невладини  организации Фридом Хаус и Репортери без граници.