На протестот организиран од политичката партија ВМРО -ДПМНЕ, новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ од медиумот Ал Џaзира биле нападнати и спречени во вршење на своите професионални задачи од страна на непознато лице. Напаѓачот и го турнал микрофонот од раката на новинарката откако прашал за кој медиум известуваат.

Во јули 2020 год. на социјалната мрежа Фејсбук од профил именуван како „Марјан Камиловски“ била објавена фотографија со огнено оружје, a потоа и заканувачки текст проследен со вулгарни зборови кажува дека нема да биде толерирана а јавно кажана критика кон еден од ново избраните пратеници во Собранието на РСМ. Друг профил мотивиран од оваа објава, именуван како „Sekula vojdova fan club“ на агресивен и навредлив начин се обраќа кон новинарите нарекувајќи ги „северџани“ и „балистички кучиња“, по што останати корисници во продолжение упатуваат закани и говор на омраза.

Новинарката Мирослава Бурнс на 23.07.2020 год. добила низа закани на својот личен профил на Фејсбук, поради објавување на текст за свадба која се одржала во Тетово, укажувајќи дека тоа е спротивно на законската регулатива која се однесува на борбата против епидемијата со Ковид-19.

На 23.07.2020 во скопски локал бил извршен физички напад врз новинарот и уредник на Лидер, Љупчо Златев. Тој веднаш по инцидентот го пријавил случајот во полиција, по што е направен записник од страна на полициските службеници.

Тања, Милевска, новинар и кореспондент на МИА, примила закани по животот и сексистички навреди на Твитер и на Фејсбук поради нејзините јавни ставови изразени на социјалните мрежи. Случајот е пријавен во полиција, но досега не се поднесени кривични пријави.

На 11.07 Милевска примила десетици закани по животот и закани за силување, експлицитен говор на омраза на социјалните мрежи.

Новинарот Фуркан Салиу и камерманот Ибрахим Мамути биле во Ваксинце, каде што снимиле голема група на мигранти кои се движеле во регионот. Возејќи накај Скопје патот им го пресекол автомобил, а од него излегло лице кое им се заканило и им рекло да ги избришат сликите и да не ги објавуваат.

По двете интервјуа спроведени од новинарот Мишко Иванов (ТВ24) на лидерите на политички партии, Христијан Мицковски и Зоран Заев, новинарот добил заканувачка порака со вулгарен изрази и говор на омраза.

Болницата Аџибадем Систина кон новинарите од редакцијата на истражувачката новинарска платформа „ИРЛ.мк“ по повод нивната сторија за COVID-19 испратила реакција до редакцијата на ИРЛ во која на дрзок начин ги клеветат и навредуваат новинарите кои работеле на таа истражувачка сторија, а притоа без доволно аргументи во својата реакција бараат извинување, како и текстот да биде повлечен.

Претседателот на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски во статус на својот Фејсбук профил со погрдни зборови упати навреди и повици за насилство кон новинарот на ТВ 24, Горазд Чомовски. Тоа го стори веднаш по објавувањето на дел од интервјуто на Чомовски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.