„SafeJournalists“: Зинаида Џелиловиќ добива закани од високиот експерт за човекови права во БиХ



Зинаида Џелиловиќ добива директни закани од Аднан Чакаловиќ, висок стручен соработник на Секторот за бегалци и раселени лица во Министерството за човекови права и бегалци на БиХ. Случајот е пријавен во полиција.

На 6 јануари 2021 Зинаида Џелиловиќ и новинарите на порталот „Zurnal“ контактирале со Аднан Чакаловиќ за да добијат изјава за приказната за која работела. Чакаловиќ и рекол „да не копа понатаму“ и ја упатил да го повика и да се обрати на Милорад Додик. Еден час подоцна, Чакаловиќ и се јавил на Џелиловиќ, барајќи од неа да го повтори своето име и презиме за да може „Да им го даде на Србите“, изјавувајќи „Ако сте тука (во Сараево), ќе ве најдам, Верувај ми, ќе бидеш моја“. Џелиловиќ го предупредила Чакаловиќ дека разговорот се снима и дека таа ќе го пријави во полиција. „Слободно стори го тоа, јас ќе те е**м тебе и полицијата!“ – и одговорил Чакаловиќ и продолжил со навредите кон неа.

Разговарајќи со мрежата на „SafeJournalists“, Зинаиде Џелиловиќ рече дека веднаш ги пријавила заканите кон уредничкиот тим на „Zurnal“ . Еден ден подоцна, Џелиловиќ го пријавила настанот во полиција и дала изјава.

„Сепак, Чакаловиќ продолжи да ми се јавува на личен број и да ме малтретира испраќајќи вулгарни пораки“ – рече Џелиловиќ и потврди дека и тие се исто така пријавени во полиција.

Борка Рудиќ, генерален секретар на Здружението на новинарите на БиХ, член на мрежата на „SafeJournalists“ рече дека ваквите закани претставуваат сериозно кривично дело и ја загрозуваат безбедноста на новинарите и очекува брза реакција од Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево. Рудиќ, исто така, истакна посебна загриженост дека заканите доаѓаат од висок стручен соработник на Министерството.

– „Јавните службеници треба први да ја бранат слободата на медиумите и да создадат безбеден амбиент за работа на новинарите. Во реалноста, ваквите напади од јавните службеници честопати се повторуваат без никакви санкции, што укажува на ниво на заштита што ја уживаат службените лица во судството и присуство на насочена неказнивост “- рече Рудиќ и додаде – „Ова сериозно ја доведува во прашање непристрасноста и професионалното однесување на судството институциите и постојниот недостиг на пристап до правда за новинарите – жртви на насилство “.

Мрежата на „SafeJournalists“, која претставува повеќе од 8.200 професионални медиуми во Западен Балкан, ја поддржува својата членка Здружение на новинари на БиХ во осудата на заканите и малтретирањето против Џелиловиќ. „SafeJournalists“ мрежата бара целосна истрага од надлежните органи и санкционирање на Чакаловиќ. Сметаме дека е скоро иронично што Чакаловиќ е вработен во Министерството за човекови права и бегалци на БиХ, па затоа ние силно го поддржуваме барањето на новинарите на БиХ, Министерството да покрене дисциплинска постапка против него без одложување, испраќајќи порака дека таквото однесување нема да биде толерирано и оние што ќе го одобрат ќе бидат соодветно санкционирани.

Ова не е прв пат да бидат мета на новинари на „Zurnal“ – во 2019 година мрежата на „SafeJournalists“ реагираше на физички напад од висок политичар против Ади Кебо и на смртни закани испратени до Авдо Авдиќ.

Ние ќе ги информираме релевантните национални и меѓународни чинители за овој нов случај.

Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

 

Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб, 09.01.2021

 

Здружение на новинари на Косово

Здружение на новинари на Македонија

Здружение на новинари на БиХ

Здружение на хрватски новинари

Здружение на независни новинари на Србија

Синдикат на медиуми на Црна Гора


, ,