„SafeJournalists“: Војислав Милованчевиќ доби закани со смрт после написот кој се однесуваше на случајот со силување на Православниот Богословски факултет



Војислав Милованчевиќ, новинар на српскиот портал nova.rs, добил навредливи и заканувачки пораки од неколку анонимни профили на социјалната мрежа Твитер, од кои некои од истите претставуваат директни закани со смрт.

Во четвртокот вечерта, на 21 јануари, заканите следеа по објавување на напис во кој новинарот на nova.rs се осврна на случај со силување на Православниот Богословски факултет. Се јавил еден од корисниците, за да му “се обратат” на Милованчевиќ, по што неколку луѓе, под изговор дека го штитат угледот на Српската Православна Црква, испрати заканувачки и навредливи пораки до новинарот. Милованчевиќ го пријави случајот до Специјалните обвинители од Канцеларија за високо – технолошки криминал.

Милованчевиќ изјави: „Постојано се појавуваат луѓе кои се закануваат и искажуваат лажни тврдења за новинарите. Мислам дека е важно обвинителството да се справи со овој случај и да ги процесуира овие ,,храбри лица” кои испраќаат такви пораки преку социјалните мрежи “, и додаде „Се надевам дека оваа земја има законски механизми со кои може да им застане на патот на таквите луѓе“.

Жељко Бодрожиќ, претседател на Независното Здружение на новинари на Србија ги осуди новите закани упатени кон нашиот колега и додаде: „Ова не е првпат Војислав Милованчевиќ да биде мета на луѓе кои не ја разбираат улогата на новинарите во Србија. Се надевам дека надлежните институции ќе реагираат брзо и ефикасно така дека нашиот колега ќе се чувствува безбедно и ќе продолжи професионално да си ја работи својата работа како што правеше и досега “.

„SafeJournalists“ мрежата која претставува повеќе од 8.200 медиуми професионалци од Западен Балкан се приклучува кон нејзината членка IJAS во постапката осудувајќи ги заканите и ги повикува српските власти да ја обезбедат работата на новинарите во оваа земја. Србија е земја во нашиот регион која пријавила најголем број на напади и закани кон новинари во последните години и важно е целиот регион да престане со овој тренд во иднина.

Ние ќе ги информираме релевантните национални и меѓународни чинители за овој нов случај.

Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб, 25.01.2021 година.


, ,