Работна средба на ЗНМ со сниматели на тема: ,,Безбедноста низ призмата на постојната законска рамка”



Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), со вклученост на над 30 учесници реализираше средба снимателите при Секцијата на сниматели на ЗНМ на тема „ Слободата на медиумите и безбедноста на медиумските работници во РСМ низ призмата на постојната законска рамка – Како до подобри решенија?“.

Поздравно обраќање кон присутните имaше Младен Чадиковски, Претседателот ЗНМ и каде го изрази своето задоволство и истакна дека ,,Со ваквите инцијативи и проекти се стремиме да го подобриме институционалниот дијалог меѓу новинарите, снимателите, граѓански организации и националните парламенти со цел да се подигне свеста за непосредните промени што позитивно ќе се рефлектираат во процесот на евроинтеграција на земјите кандидати. Преку вакви меѓусебни консултации и разговори ќе се придонесе кон создавање погодна околина за значајно учество на медиумските работници како влијателни актери во општеството.”

Трајче Илиевски претставникот на секцијата на сниматели при ЗНМ во своето кратко обраќање пред колегите го истакна своето задоволство од ваквите работни средби каде може да се споделат и слушнат на едно место нивните предизвици и предлози за унапредување на соработката и условите за работа како на снимателите така и на дописниците.

На средбата беа претставени клучните наоди од спроведената анализа насловена како „Слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во РСМ низ призмата на постојните законски решенија – како до подобри решенија?“ која може бесплатно да се преземе на следниот линк. На настанот следеше дискусија каде присутните имаа можност да ги искажат своите мислења и предлози како до подобри законски решенија за унапредување на безбедноста на новинарите и медиумските работници, и подобрување на законските решенија со кои се уредуваат прашањата од медиумската сфера. Настанот беше организиран на 04 јуни во петокот 2021 година во рамките на регионалниот проект „Унапредување на дијалогот помеѓу новинарските здруженија и парламентите од Западен Балкан за посилен граѓански сектор” (Improving the dialogue between journalists’ associations and parliaments in Western Balkans for stronger civil society sector), финансиран од страна на Сида преку проектот „Заштита на граѓанскиот простор – Регионален центар за развој на граѓанското општество“ во реализација на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN).


, ,