Српскиот писател и новинар Марко Видојковиќ мета на смртни закани



Марко Видојковиќ, српски новинар, писател и тв водител на „Добриот, лошиот и грдиот“, на 20 јуни 2020 во своето сандаче на социјалната мрежа Инстаграм добил смртна закана.

„Знам каде живееш, ќе те заколам кучкин син … Прво ќе те заколам, а потоа ќе треба да те исечам глупава будало… ќе те заколам, се колнам“, се вели во пораката која Видојковиќ ја добил во своето сандаче на социјалната мрежа Инстаграм.

Видојковиќ изјави дека ги пријавил заканите кој што ги добил до неговата компанија Јунајтед Медиа.

„Имам нулта толеранција за вакви работи. Ме навредуваат секој ден и зборуваат за сè, но кога ќе започнат со физички закани, колење и сецкање, јас имам нула толеранција. Очигледно станува збор за чудовиште, затоа што кој пишува вакви работи навистина не е нормално “, истакна Видојковиќ.

Ова не е прв пат Видојковиќ да добива закани. Тој често е изложен на нив, сепак, последниот случај што исто така беше процесуиран, беше кога некој им напиша нему и на неговиот колега Кулачин на нивниот канал на YouTube каде ги испратија своите епизоди: „Ќе има скандирање кога ќе ве фати Вучиќ “.

Жељко Бодрожиќ, претседател на Здружението на независни новинари на Србија, рече дека гневот и нетолеранцијата се множат на јавниот простор.

„Првенствено, благодарение на државните службеници, не сме изненадени што поединци непогодни за режимот, како Марко, се оставени на милост и немилост на разни вознемирени сторители. За жал, можам да бидам сигурен дека ова не е последна закана за Марко и многумина кои се критични кон владејачката партија, затоа што благодарение на агресивниот наратив од страна на политичарите, нашето општество е полно со повеќе и лути луѓе кои сакаат да тепаат, силуваат или да повикуваат на јавен линч.

Сепак, ние не се повлекуваме и не молчиме и ќе сториме сè за да ги заштитиме нашите членови како Видојковиќ, Кулачин и многу други, како и да извршиме притисок врз институциите да ги најдат сите оние што напаѓаат и се закануваат кон новинарите “, истакна Бодрожиќ.

Мрежата на „SafeJournalists“, која претставува повеќе од 8.200 професионалци во медиумите од Западен Балкан, им се придружува на своите членки Здружението на независни новинари на Србија во силно осудување на смртните закани кон новинарите и медиумските работници.

Нашата мрежа бара лицето што се закани да биде гонето и уапсено што е можно побрзо. Очекуваме соодветна санкција што ќе има јасен ефект на одвраќање.

Исто така, ги повикуваме српските власти да ја обезбедат работата на новинарите во оваа земја, бидејќи Србија е земја во нашиот регион која пријави најголем број напади и закани кон новинарите во последните години и важно е целиот регион да престане со овој тренд во иднина.

Ние ќе ги информираме релевантните национални и меѓународни чинители за овој нов случај.

Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб, 21.06.2021.

Здружение на новинарите на Македонија

Здружение на новинари на Косово

Здружение на новинари на БиХ

Здружение на хрватски новинари

Здружение на независни новинари на Србија

Синдикат на медиуми на Црна Гора


, ,