Втор физички напад врз новинари на порталот Insajderi.com



СКОПЈЕ, 17.10.2017 – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и новинарската безбедност, која претставува повеќе од 7800 членови, остро го осудува физичкиот напад на главниот уредник и истражувачки новинар, Вехби Кајтази, кој се случи во петокот на 13 октомври 2017 година.

Вехби Кајтази бил физички нападнат во моментот кога излегувал од “Lounge café” во центарот на Приштина. Тој добил неколку удари, кои му предизвикале полесни повреди и гребнатини. Иако непознат човек, непосредно пред нападот, г-дин Кајтази се сеќава дека го забележал сторителот во истиот ресторан со политичари и луѓе блиски до истражните предмети на Insajderi.com.

Во неделата, на 15 октомври 2017 година, Фитим Тачи во присуство на неговиот адвокат се предал во полициската станица во Приштина и беше осуден на 30 дена притвор.

„Ова е втор физички напад врз менаџментот на Insajderi.com во последните три месеци, потсетувајќи дека во август годинава директорот на Insajderi.com Парим Олури и неговата свршеница беа физички нападнати додека влегувале во нивната зграда во Приштина. Овие два случаи се повеќе од загрижувачки за целата медиумска заедница во Косово“, истакна Шкељќим Хисенај, претседател на Здружението на новинари на Косово.

Платформата ќе испрати писма до сите релевантни власти во Косово, барајќи од нив да спречат каква било форма на насилство врз новинарите, итно и темелно да ги испитаат сите факти за овој и за другите случаи на насилство. Со тоа, тие ќе испратат силна порака до јавноста дека таквото однесување не е прифатливо. Исто така, Платформата ќе го пријави случајот во Mapping media freedom, платформа за промоција на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите.

Регионалната платформа силно го поддржува Здружението на новинари на Косово и неговите напори за заштита на новинарите и слободата на говорот. Платформата, исто така, ги повикува меѓународните организации кои се занимаваат со заштитата на слободата на печатот и правата на новинарите да ги поттикнат релевантните власти да ги истражат неодамнешните, но и другите случаи.

Нападот на новинарите е директен напад врз слободата на изразување и правото на граѓаните да бидат информирани. Во 2017 година, Здружението на новинари на Косово регистрираше 11 напади врз новинари.

BH Journalists Association
Trade Union of Media of Montenegro
Croatian Journalists’ Association
Association of Journalists of Kosovo
Association of Journalists of Macedonia
Independent Journalist Association of Serbia

Регионална Платформа за застапување на слободата на медиумите и новинарската безбедност , Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 17/10/2017

 


, ,