Новинарот и претседател на Македонското здружение на новинари Насер Селмани примил порака со смртни закани од Бејтула Асани, брат на Бекир Асани кој е поврзан со владејачката политичка партија ДУИ.

Насилници од редовите на партијата Алијанса за Албанците го нападнале новинарот Арманд Брахо за време на конференција, на која тој бил уредно поканет.

Новинарот Ибрахим Махмути од ТВ 21 и фоторепортерот Бљерим Ука се приведени од страна на судската полиција за време на изрекувањето на пресудата за случајот „Диво Насеље“.

The vehicle of journalist Viki Klicharova has been damaged with a sharp object. Prior to the incident she has received two threats from a person with a criminal record.

Новинари од НоваТВ биле нападнати додека известувале од терен за граѓанска иницијатива за собирање на потписи против градење кампови за бегалци во Македонија. Нападот го сторил поддржувач на иницијативата.

На новинарите не им било дозволено да известуваат од состанокот на општинскиот совет и вербално биле нападнати од член на советот од партијата ВМРО ДПМНЕ.

Поддржувачи на политичката партија ДУИ упатиле закани и ја попречувале работата на екипата на ТВ Шења додека известувале за комуналните проблеми во скопската општина Чаир.

The actor Toni Mihajlovski on his Facebook profile has verbally threatened the journalist Branko Trichkovski.

Новинарот Иван Камчев додека сликал и снимал градилиште на јавен простор бил вербално нападнат од страна на член на обезбедувањето при што го натерал да го напушти просторот, забранувајќи му да известува од местото.