Регионална платформа: Политичарите да престанат да ги етикетираат новинарите како „непријатели“ и „предавници“



Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиуми и безбедност на новинарите, која претставува повеќе од 8000 членови, ги осудува изјавите на членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, во врска со работата на новинарите на порталот Klix.ba од Сараево.

На специјалната седница на Националното собрание на Република Српска во Бања Лука, одржана на 26-ти февруари, Додик го етикетираше Klix.ba како „непријателски медиум“ за Република Српска, злоупотребувајќи ја говорницата на Националниот парламент за справување медиумот и неговите новинари.

„Ова не е првпат г-дин Додик јавно да ги етикетира медиумите и новинарите и да ја критикува нивната работа. Во последниве години, Здружението на новинарите на БиХ забележа најмалку 20 вербални напади и закани од страна на Милорад Додик кон новинарите и медиумите ширум БиХ. На 14-ти февруари, за време на прес-конференција, Додик вербално го нападнал новинарот на БНТВ, Владимир Ковачевиќ, тврдејќи дека тој и неговиот медиум работат за „предавници“, што е особено загрижувачка порака со оглед на тоа што пред две години новинарот Ковачевиќ доживеа брутален физички напад кој едвај го преживеа“, рече Борка Рудиќ, генерален секретар на Здружението на новинари во БиХ.

Етикетирањето на новинарите и медиумите како „предавници“ и „непријатели“ е неприфатливо кога станува збор за јавните службеници, особено од страна на оние кои имаат највисоки политички функции во земјата и претставува отворен политички притисок и закана за слободата на медиумите, вклучително и слободата да ги критикуваат политичарите, нивните ставови и одлуки.

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите го повикува господинот Милорад Додик, како и другите политичари од БиХ да престанат со несоодветните квалификации за новинарите и медиумите и да го променат нивниот став кон нив со демократските вредности кои тие самите ги протежираат, почитувајќи ги нормите за пристојна комуникација.

Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 28. 02.2020 година

Здружение на новинари во БХ
Синдикат на медиуми на Црна Гора
Здружение на новинари на Хрватска
Здружение на новинари на Косово
Здружение на новинарите на Македонија
Независно здружение на новинари на Србија


, ,