Објава на повикот за предлози за “Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан”



Граѓанските организации од Босна и Херцеговина, Република Македонија, Косово, Црна Гора и Србија кои се фокусирaни на заштита и промоција на човековите права, во соработка со новинари, нивните здруженија, мрежи, медиумски организации и новинарските синдикати се покануваат да аплицираат за финансиска поддршка обезбедена со програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“.

Целта на програмата за мали грантови е да се засили застапувањето од страна на локалните, националните и регионалните граѓански актери во соработка со новинари и медиумски организации и да се постават темите за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во фокусот во регионот на Западен Балкан – или поточно во Босна и Херцеговина, Република Македонија (FYROM), Косово, Црна Гора и Србија. Програмата за мали грантови ќе ги поддржи локалните и регионалните иницијативи, кои вклучуваат активисти за човекови права, новинари и медиуми, кои имаат за цел да ги заштитат слободата на говорот и слободата на медиумите. Главната цел е да се истражат најважните прашања – или повреди на правата на новинарите или притисокот врз активистите на еден посеопфатен начин.

Повикот има два приоритети: (1) да ги поддржи проектите кои ефективно ги напаѓаат проблемите и пречките со кои се соочуваат новинарите кои се наоѓаат под различни форми на притисок и (2) да се поддржат проекти кои се фокусирани на активистите за човекови права чија слобода на говор е загрозена.

Вкупната вредност на програмата за помали грантови изнесува 267,000 евра, кои ќе бидат распределени на 15 организации (5 поголеми регионални проекти и 10 помали национални проекти). Временската рамка за имплементација на поддржаните проекти ќе биде од 01 Октомври, 2017 година до 31 август, 2018 година. 

Повикот за предлози ќе биде организиран во две групи:

  • Прва група – Регионални акции, кои се очекува да вклучат учесници од најмалку 3 од севкупно 5 држави од Западен Балкан. Просечната големина на грантовите изнесува 30 000 – 40 000 ЕВРА со кофинансирање од најмалку 10%. Индикативно, севкупно 5 грантови ќе бидат доделени на најдобрите апликации.
  • Втора група – Национални акции, кои се очекува да вклучат учесници од својата држава. Просечната големина на овие грантови се движи од 5 000 – 10 000 ЕВРА со кофинансирање од 10%. Индикативно, севкупно 10 грантови ќе бидат доделени на најдобрите апликации.

Програмата за помали грантови е дел од поголем проект Регионална платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, кој е имплементиран од Хрватското здружение на новинарите (CJA)  во соработка со пет организации од Западен Балкан меѓу кои: Независното здружение на на новинарите од Србија (IJAS), Здружението на новинарите во Босна и Херцеговина (BHJ), Здружението на новинарите во Косово (AJK), Здружението на новинарите во Македонија (AJM)  и Медиумскиот синдикат на Црна Гора (TUMM). Проектот е поддржан од Европската Комисија (ИПА) со кофинансирање од Хрватската Владина Канцеларија за Соработка со НВО.

Сите апликации треба да бидат подготвени и доставени на англиски јазик.

Апликациите МОРА да бидат испратени на мејл: mediafreedom.smallgrants@solidarna.hr најдоцна до 31 Август, 2017 до 23:59:59ч ЦЕВ.

Апликацијата треба да биде доставена по мејл од страна на главниот апликант и мора да ги содржи следните три документи:

  1. Application form
  2. Project budget
  3. Регистрациски акт само за главниот апликант, на оригиналниот јазик (скенирана верзија).

Во прилог можете да го погледнете Упатството за аплицирање тука.

Прашања за пропозициите на Повикот за Преглози може да бидат испратени на англиски јазик на мејлот mediafreedom.smallgrants@solidarna.hr во периодот од 25 Јули – 10 Август, 2017. Сите прашања и одговори како и други важни информации за апликантите ќе бидат објавени на официјалниот вебсајт на проектот http://safejournalists.net најдоцна 11 дена пред последниот рок за аплицирање (20 август).


, ,